Српски фудбалер имал срцев удар среде меч во Шпанија, па сакал да се врати во игра (ВИДЕО)

Денешниот меч од третолигашката конкуренција во Шпанија помеѓу Кордоба и Ферол беше прекина по само 11 минути, откако се случи драма со српскиот фудбалер Драги Гудељ, кој имаше срцев удар на теренот.

Родениот брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ бил сам во сопствениот казнен простор и додека топката била на другата страна од теренот тој само се срушил на тревата. Набрзо сам станал, но веднаш потоа одново паднал што бил знак на лекарите од двата тима да втрчаат на теренот. Шпанските медиуми пренесуваат дека седум минути траела реанимацијата, што што дошле добро вести дека Гудељ бил свесен кога на носилки го однеле кон амбулатното возили, со кое потоа бил пренесен во болница.

Мора да се напомене дека додека го изнесувале на носила, Србинот почнал да се расправа со лекарите од кои барале да го пуштат да се врати во игра. Едвај го убедиле да замине во болница, по што двете екипи се договориле средбата да се прекине.