Спектакл во Дизелдорф: Фортуна прокоцка водство од 3-0, Херта освои бод (ВИДЕО)

Вечерва беше одигран спектакуларен меч во Дизелдорф меѓу Фортуна и Херта, а на крај резултатот беше 3-3, иако домаќините имаа водство од 3-0 по првото полувреме.

Фортуна имаше старт од соништата, откако по само девет минути имаа водство со головите на Караман и Томи, а до крајот на првото полувреме зголемија и на 3-0 преку Караман.

Сепак, кошмарот за домаќините почна во 64. минута. Тие примија автогол од Томи за 1-3, по што Чуна намали на 2-3 во 66. минута, а веднаш потоа Пјонтек ги постави конечните 3-3.

Дизелдорф останував о опасната зона со 21 бод, а Херта се наоѓа на 13. позиција со шест бода повеќе.