Специјален поздрав за Касиљас од - Пике (ВИДЕО)

Додека синоќа се играше финалето од шпанскиот Суперкуп, се одржа и завршницата од фудбалската лига која ја организира поранешниот стопер на Барселона, Жерар Пике.

На манифестацијата учествуваше и неговиот некогашен соиграч од шпанската репрезентација Икер Касиљас, долгогодишен голман и капитен на Реал.

Резултатот од финалето на Суперкупот двајцата различно го примија, а Пике во свој стил, со широко раширена рака, му фати сеир на еден од најдобрите голмани во историјата. И додека беше активен играч, Пике на сличен начин ги прославувваше убедливите победи против Реал, а имаше можност дури три пати да слави над најголемиот ривал со 5 или повеќе постигнати голови при што еднаш беше и стрелец.