Спалети: Елмас беше казнет зашто не тренираше добро, ама сега заслужи - пофалби!
Македонскиот репрезентативец по подолго време беше стартер и ја оправда довербата со оглед што го постигна првиот погодок за својот тим. Тренерот Спалети по напреварот се осврна и на настапот на момчето од скопски Чаир.
„Елмас беше казнет на стартот на сезоната, играше многу малку со оглед на тоа колку покажуваше и се залагаше на тренинзите. Сега беше исклучително добар и ни донесе квалитет, на што му честитам. Многу ми е мило што покажавме дека можеме да победиме и без Кварацхелија. Никому не му се допаѓа кога некој вели дека не можеме да победиме без него. Не се стигнува никаде во фудбалот ако немате 20 или 22 играчи кои можат да одговорат во секој момент. Најважна е групата и треба добро да се изменаџира сето тоа“, изјави Спалети.
Наполи е убедливо прв на табелата во Серија А со 35 бодови, шест повеќе од Милан, а доминантно ја мина и првата фаза од Лигата на шампионите.