
Состојбата на Кин е добра, напаѓачот на Фиорентина ја напуштил болницата
На сите во Фиорентина им се вратија лошите спомени со Едуардо Бове, откако на синоќешното гостување на „Бентегоди“, Моизе Кин се струполи на теренот.
Напаѓачот остана без свест како последица на дуелот кој го имаше со двајца противници, кога доби удар во главата и раскрварена аркада.
Па на носилки беше изнесен од теренот и веднаш префрлен во болница на прегледи и опсервација.
„Виолетовите“ утрово информираа дека сите тестови биле негативни, па Моизе Кин ја напуштил болницата во Верона и се вратил во Фиренца каде ќе продолжи да се опоравува.