Бензема: Роналдо е најдобар, но - бразилскиот!

Поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо, Карим Бензема смета дека Луис Назарио де Лима Роналдо е најдобриот на сите времиња.

Иако долго време играа заедно, односот на Карим Бензема и Кристијано Роналдо не е пријателски иако двајцата имаат меѓусебна почит.

Неодамна Кристијано Роналдо самобендисано изјави дека тој е најдобриот фудбалер на сите времиња, но Бензема не се сложува со тоа.

„Секој може да каже што сака. Ако тој мисли дека е најдобар во историјата…И јас сметам дека Роналдо е најдобар… ама тој од Бразил“, вели Французинот.

„Не сакам да правам споредби помеѓу играчите, секој има испишано своја историја, и таа на Кристијано е многу добра“.