
„Реал кога ќе победи тоа е затоа што се добри, а кога ќе загубат тоа е поради судиите“
Хавиер Тебас често влегува во конфликт со Реал Мадрид и Барселона, така е и сега. Претседателот на Ла Лига овојпат на мета го има кралскиот клуб.
Во Реал Мадрид беа бесни на судењето против Осасуна, меч кој заврши 1-1.
„Флорентино През не рече ништо за случајот Негреира. Доколку победат тоа е поради нивната заложба и игра, но доколку загубат тоа е поради судиите. Почнувам да се чувствувам засрамено од Реал Мадрид“, вели Тебас.