Солшер: Знаевме дека во второто полувреме ќе играат како нивната куќа да е во оган

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер го искажа своето видување на натпреварот од второто коло од Премиерлигата против Вулверхемптон.

„Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Марсијал во првиот дел (27. минута), додека за конечните 1-1 се погрижи Рубен невез во 55. минута. Инаку, Пол Погба имаше шанса повторно да ја врати предноста за својот тим, но во 68. минута промаши удар од белата точка. 

Доминиравме во посед на топката, постигнавме гол, но знаевме дека во второто полувреме тие ќе играат како куќата да им е во оган. Веројатно заслужија гол. Мислев дека повторно ќе ја преземеме контролата над натпреварот и ќе победиме. Во првото полувреме покажавме зрел учинок. Второто полувреме беше малку невешт. Ние работиме на подобрување на играта. Имаме млад тим кој ќе учи. Заработивме пенал, кој обично носи уште два бода, но понекогаш голманот прави добри нешта, изјави Солшер.

Манчестер Јунајтед по две кола во Премиер лигата има четири бода.