Солшер добил последна опомена пред исклучување од раководството на Јунајтед

После новата бламажа на Манчестер јунајтед, раководството на англискиот великан нема да го вклучи алармот за да го избрка Оле Гунар Солшер од менаџерската позиција, но норвешкиот тренер добил последна опомена за да ги подобри резултатите, инаку во спротивност ќе биде избркан, најавија англиските медиуми.

Солшер во моментов бара од раководството да му донесат засилувања со кои „црвените ѓаволи“ ќе може да се изборат за место во ЛШ (меѓу четирите најдобри во Премиерлигата), но засега од Ед Вудводрд како извршен директор и Бордот, Солшер добил само последна опомена. Таа доаѓа откако откако Норвежанецот доби постојан договор на подолг рок има негативен ефект од повеќе порази (12) во однос на победи (11), па стравувањата на „Олд Трафорд“ се дека може Јунајтед и сезонава да извиси за настап во елитата, а со тоа повторно да загуби многу милиони кои би се влеале во касата со настапот во ЛШ.

Манчестер загуби од Барнли со 0-2, но не е далеку од трката за барем четвртото место и сега Солшер ќе мора да направи некаква „шок терапија“ за да го крене гигантот и да почне победничка серија со која практично би си го осигурал местото на клупата. Во случај на продолжување на губитничката серија, може да се случи многу брзо да добие и отказ.

„Вудворд најави дека Солшер има поддршка до крајот на сезоната за да го однесе Јунајтед во ЛШ, па затоа повиците за отказ засега не се на дневен ред. Солшер добил опомена дека мора да почне да победува, а ако тоа не се случи, нема да биде долго трпението во клубот, па отказот може лесно да се случи ако продолжат бламажите“, пишуваат англиските медиуми.

Маурисио Покетино, Герет Саутгејт и Јулијан Налгесман се трите кандидати за кои од поодамна се шпекулира дека би биле наследници на Солшер, а одредени медиуми веќе најавија дека еден од нив од лето секако ќе седне на кормилото на „ѓаволите“. Засега, коментираат островските медиуми, Солшер работи и останува поради старата слава и статусот на клупска легенда, но...