
Соиграч на Елмас е „малерозното“ засилување за Монца пред стартот на Серија А!
Станува збор за Андреа Петања, доскорешниот соиграч на нашиот Елиф Елмас во Наполи, кој доаѓа на заем за сума од 2,5 милиони евра со обврска за задолжителен откуп за дополнителни десет милиони евра ако тимот обезбеди опстанок во Серија А.
Ова е историско деби на Монца во италијанската елита, кое почнува вечерва со пресметката на домашен терен против Торино.