
Снајдер за Антони: Срам да му е, се надевам дека Јунајтед ќе загуби 5-0 од Сити!
Ковентри беа на чекор да направат епски подвиг, губеа со 3-0, дојдоа до 3-3, постигнаа и четврти гол кој им беше поништен поради офасјд. На крајот го загубија мечот на пенали.
Кога Манчестер јунајтед го даде последниот пенал, Антони се сврте кон фудбалерите на Ковенти и ги стави рацете на уши со цел да ги испровоцира противниците.
Неговиот гест наиде на осуда кај многу навивачи, но и кај Весли Снајдер.
„Антони би требало да се засрами за тоа што го направи. Требаше веднаш да замине од теренот. Се надевам дека Манчестер јунајтед ќе загуби со 5-0 во финалето“, рече Снајдер.
Сонародникот на Снајдер, Калид Буларуж беше уште побрутален.
„Тоа што го направи Антони е бедно. Купен е за 100 милиони евра, а секој меч го игра како пос*ан. Нула голови и една асистенција оваа сезона. Да сум му соиграч, ќе му речам да се срами самиот од себе“, рече Буларуж.