![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/09/248089-skandalozna-objava-na-real-madrid-penalot-e-smeshen-ovaa-liga-e-odvratna.jpg?itok=d6sEfgjA)
Скандалозна објава на Реал Мадрид: Пеналот е смешен, оваа лига е – одвратна!
Гостите поведоа во 35. минута со погодокот на Јулијан Алварез од пенал, досуден по ВАР-интервенција за прекршок на Чуамени врз Лино. Одлуката предизвика жестоки реакции кај навивачите и стручниот штаб на „кралевите“, иако снимките го потврдија контактот. Но, најголема бура предизвика официјалниот ТВ канал на Реал Мадрид, кој по натпреварот остро ја нападна арбитражата.
„Овој пенал е смешен. Мора да играме против судиите, а не против противничките играчи“, објави Реал Мадрид ТВ.
Во објавата се отиде и чекор понатаму.
„Да зависи од нас, ќе излеземе од теренот и ќе престанеме да ја играме валканата лига на Негреира. Ова натпреварување е одвратно“, завршија од ТВ каналот на „кралевите“.
Фразата „Лига на Негреира“ алудира на наводните исплати од Барселона кон судии, иако тие обвинувања сè уште не се докажани. Од ремито најмногу профитираше Барселона, која со евентуална победа над Севиља вечерва може да се доближи до врвот на табелата и да ја зголеми неизвесноста во битката за титулата.