Скандал: Новинар тврди дека „Франс Фудбал“ му ги сменил гласовите за „златна топка“

Дека ниту еден избор во последната деценија не може да помине без некаков скандал, најнов доказ е и последниот избор за „златната топка“ во кој победи хрватската суперѕвезда Лука Модриќ и тоа убедливо пред Кристијано Роналдо и Ентоан Гризман.

Во изборот за „златната топка“ гласаа новинари од 180 земји од светот, ама Ласана Либурд тврди дека неговото ливче со гласови е променето и преку твитер објави дека погрешно се впишани гласовите за најдобрите.

Францускиот магазин објави дека Либурд гласал за Гризман, а потоа зад Францзинот следеле Мохамед Салах, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Лионел Меси. Но, Новинарот од Тринидад и Тобаго тврди дека гласал по поинаков редослед, т.е. прв бил Лионел Меси, втор Лука Модриќ, трет Роналдо, четврти Салах и петти Гризман.

Новинарот од Тринидад навел дека го има гласачкото ливче кај себе и лесно тоа може да го докаже дека грешка направил „Франс Фудбал“, посочувајќи дека досега ниту еднаш немал проблем околу гласањето.

Инаку до пред две години, ФИФА и „Франс Фудбал“ заеднички ја организираа церемонијата за најдобар светски фудбалер, а пред пет години, Жозе Мурињо отвори скандал со „наместен избор“ во кој како сведок беше посочен Горан Пандев и неговиоте злоупотребени гласови.