Скандал го тресе Лондон: Објавена нова афера на Челси!

Челси во претходните два дена е на насловните страници на светските медиуми, а „Фудбал Ликс“ објави уште еден пример дека ги прекршиле правилата.

Клубот е под истрага поради кршење на правилата за ангажирање малолетни фудбалери, плус приказната за Н’Голо Канте и неговото одбивање да прави измама поради данок.

А, денеска се појави нова приказна, која дополнително ќе го урне имиџот на клубот, кој се соочува со голема казна.

Дански „Политикен“ објави приказна од документите на „Фудбал Ликс“, а овојпат станува збор за Андреас Кристенсен, кој беше стандарден кај Антонио Конте, но кај Маурицио Сари целосно исчезна.

Тие го вработиле таткото на Андреас како лажен скаут пред шест години и му дале голема плата, а тоа е очигледна измама, која е спротивна на правилата на Премиерлигата.

Таткото Стен Кристенсен никогаш нема работено како скаут, туку беше тренер на голманите во Брондби, а доби од Челси околу 600.000 фунти.

Тоа му помогнало на Андреас да се пресели во Англија на 16 години, а две сезони подоцна и да дебитира во првиот тим, а минатата година беше и најдобар најмлад фудбалер во Челси.