Сити минимално за седма победа по ред во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер сити го совлада Брајтон со 1-0 во рамки на 18.коло во Премиерлигата. 

Стрелец на единствениот гол на „Етихад“ беше Фил Фоден во 44-тата минута. Домашните можеа да дојдат до поубедлива победа, но Рахим Стеринг не реализираше пенал во 92-та минута. 

Сити по седмата победа по ред сега има 32 бода и се наоѓа на третото место на табелата во Премиерлигата или четири помалку од лидерот Манчестер јунајтед, но со натпревар помалку. Брајтон е 17-ти на табелата со 14 бодови, а последната победа ја оствари на 21 ноември против Астон Вила.