„Сити и ПСЖ го рушат цел систем, сите сакаат да имаат пари за да се натпреваруваат со нив!“

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас не ја поддржува политиката на Манчестер сити и ПСЖ, кога станува збор за трошењето на премногу пари.

Против двата клуба се води истрага, зашто постои сомнеж дека го прекршиле финансискиот фер-плеј, па останува да видиме дали ќе бидат казнети.

„Постојат клубови кои не ги интересира колку се нивните вистински приходи кога сакаат да потпишат со некој фудбалер, зашто имаат приходи и од државата. Тоа ги носи останатите клубови на работ. Исто така, тоа ја руши рамнотежата на европската фудбалска структура. Ова не е спорт, ниту индустрија. Тоа стана како играчка. Тие го рушат целиот систем. Поради тоа многу клубови од Европа сакаат пари за да можат да се натпреваруваат против нив“, вели Тебас.

Исто така, тој вели дека сите треба да бидат транспарентни кога станува збор за идејата за Суперлигата, за која многу се зборува во последно време.