Симоновски со нов гол за Волунтари

Македонскиот интернационалец Марко Симоновски ја завери победата на Волунтари (2-0) во денешниот меч во романската Прва Лига.

Волунтари постигна погодок за 1-0 во 43. минута, по што Симоновски во 69. минута ја потврди победата на неговиот тим и така го однесе тимот на безбедно место на табелата.

Ова беше петтата победа во седмиот меч за тимот на Симоновски во грпата за испаѓање во Романија.