Силва не е алчен за пари - ќе ги одбие арапските милиони за да игра во Ла Лига

Бернардо Силва на крајот на сезоната планира да замине од Манчестер сити, а како негова следна дестинација се споменува Барселона, иако интерес покажа и ПСЖ.

Шпанските медиуми пишуваат дека ПСЖ сака да го купи Силва за 58 милиони евра и да му понуди идеални услови, меѓутоа искусниот фудбалер ќе прифати помала плата од Барселона.

Силва сака да си го исполни сонот и да го облече дресот на каталонскиот гигант со кој ќе се обиде да го симне Реал Мадрид од тронот во Ла Лига.