Швеѓанецот гази во Премиер лигата: Исак во друштво на Варди, Ван Нистелрој и Стариџ
Мечот со Вулфс беше осми по ред на кој успеа да ја затресе противничката мрежа, а со тоа влезе во одбрано друштво на фудбалери кои успеале на толку голем број натпревари во низа да постигнуваат голови. Пред него, тоа им успеало само на тројца: Џејми Варди два пати во дресот на Лестер, Руд Ван Нистелрој два пати во дресот на Манчестер Јунајтед и Даниел Стариџ со Јувентус.
Благодарение на головите на Исак, Њукасл се искачи до четвртото место на табелата во Премиер лигата, но поради лошиот старт на сезоната, се уште е далеку од лидерот Ливерпул. Швеѓанецот ќе има можност да ја продолжи серијата претстојниот викенд против Борнмут.