Готово: Заврши годината за Синер!
Италијанскиот тенисер го пропушти Ју-Ес Опен, а постојано го одложуваше своето враќање на терените. На крајот, сепак, одлучи годинава повеќе да не игра.
Синер истакна дека размислува на долгорочен план за својата кариера и дека токму тоа е причината за ваквата одлука.
„Здраво на сите, сакам да ви дадам краток апдејт. Заедно со лекарите одлучивме дека ми е потребен третман на коленото, што значи дека сезоната 2026 официјално е завршена. Последните неколку години, особено завршницата на сезоната во Торино, ми донесоа многу прекрасни чувства и емоции. Оваа година ќе биде многу поинаку, но во овој момент морам да размислувам долгорочно за мојата кариера. Ќе дадам сè од себе да се вратам 100 отсто подготвен. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека наскоро ќе се видиме на теренот“, порача Јаник Синер во обраќањето на Инстаграм.
Неговите проблеми започнаа уште во текот на летото, кога почнаа да се испитуваат здравствените тегоби што првпат ги почувствува во полуфиналето на турнирот во Рим против Данил Медведев. Потоа следуваа нови проблеми во Париз, каде што доживеа криза на Ролан Гарос и беше елиминиран во второто коло од Хуан Мануел Серундоло.