„Шпигел“ има нови докази: Роналдо им го раскажал силувањето на своите адвокати

Кристијано Роналдо е во сериозна неволја, откако Американката Кетрин Мајорага го обвини за силување, а најновите докази покажуваат дека фудбалерот навистина го направил делото. 

Целата приказна ја објави германскиот весник „Шпигел“ пред два месеци, откако Мајорага по девет години молк решила да прозборува за инцидентот што се случил во хотел во Лас Вегас во 2009 година.

Португалецот ги нарече обвинувањата невистини и лажни вести, но се чини дека фудбалерот е виновен за силување. „Шпигел“ дојде до нови докази преку „Фудбал ликс“, кои го инкриминираат Роналдо. Германскиот медиум дојде до доверливи документи, односно комуникација помеѓу тогашните адвокати на Кристијано Роналдо.

Мајорага веднаш го пријавила силувањето во полиција, но тогаш не го кажала името на Кристијано Роналдо, бидејќи се плашела. Нејзините повреди биле документирани во болница и заверени во полиција. Откако адвокатите на Роналдо дознале за силувањето и дека постои жена која е подготвена да тужи почнале операција за замолчување. 

Нема сомнеж дека Роналдо и исплатил 350.000 долари на Мајорага да молчи за инцидентот, но сега постојат докази според кои Роналдо во детали им го опишува силувањето на своите адвокати. Тие подготвиле серија прашања за фудбалерот со цел целосно да се запознаат со инцидентот и да бидат подготвени за одбрана и она што треба да следува.

Во хакираните мејлови на адвокатите на Роналдо, се пронајдени серија прашања, на кои Роналдо треба во детали да опише што се случувало вечерта во хотелската соба. Фудбалерот во одговорите признава дека имал секс со Мајорага и дека таа неколку пати му кажала, „не“. Фудбалерот сепак не застанал и кажал дека имале груб секс. 

Доколку се докаже дека овие мејлови помеѓу адвокатите на Роналдо се вистински и дека тој навистина ги одговорил прашањата, тогаш тоа е признание на вина. Ова се нови сериозни детали кои го инкриминираат фудбалерот, па се чини дека може да заврши на обвинителна клупа во САД, односно во Лас Вегас.

Ако се знае колку се строги американските закони за насилство кон жените, тогаш Роналдо е во сериозни проблеми.  

Целосниот текст на „Шпигел“ можете да го прочитате ТУКА.