Шпанија би можела да остане без учество на Мундијалот поради Каталонија
Доколку Примера ѝ забрани на Барса да учествува во Ла Лига, во случај на отцепување на Каталонија, за што постојат најави, ФИФА би можела да го суспендирана националниот тим на Шпанја за Светското првенство во 2018 година кое се игра во Русија.
Како што пишува Марка, евентуалното исклучување на Барселона ФИФА би го толкувала како влијание на политиката во работењето на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, што секако е строго забраето.
Гласањето за референдумот почна денеска, а веќе почна препукувањето на релација Барселона-Мадрид.