Шок за Милан: Ибрахимовиќ позитивен на Ковид-19!

Дефанзивецот на Милан, Лео Дуарте синоќа беше позитивен на коронавирус, па клубот реши одново да ги тестира сите фудбалери. 

По добиените резултати, позитивен на Ковид-19 е и лидерот на тимот Златан Ибрахимовиќ, потврди клубот преку својата интернет-страница. Фудбалерот веднаше е ставен во домашна изолација, а ниту еден друг играч на клубот не е позитивен.

Ова се лоши вести за Милан, кој одлично ја почна сезоната со победа против Шамрок Роверс од 2-0 на гости во Лигата на Европа, а со истиот резултат ја совлада и Болоња во Серија А. Швеѓанецот беше стрелец на три од вкупно четири гола.

Вечерва „росонерите“ повторно имаат обврски во Лигата на Европа и тоа против Бодо/Глимт.