Шок во Минхен: Кејн го напушта германскиот шампион!?

Англискиот напаѓач Хари Кејн наводно се наоѓа пред шокантен трансфер идното лето, односно се шпекулира дека ќе го напушти германскиот шампион Баерн Минхен и ќе се пресели во редовите на францускиот гигант ПСЖ.

Познатиот новинар Кристијан Фалк објави дека парижаните покажале голем интерес за Кејн и сакаат да го обезбедат неговиот потпис.

Кејн е незапирлив во нападот на баварскиот тим, но пред почетокот на летото треба да донесе одлука за својата иднина.

Искусниот фудбалер оваа сезона настапи на 47 натпревари за Баерн, а притоа постигна 54 голови и седум асистенции.

Фото: Facebook/FC Bayern München