Рома ја декласира Фиорентина и се врати во трка за ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома вечерва триумфираа со убедливи 4-0 против Фиорентина во 35. коло од италијанската Серија А.

Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме, кога екипата од Рим постигна три голови, и тоа преку Манчини, Весли Франка и Хермосо.

Победата ја потврди Писили во 58. минута кога ја затресе мрежата на гостите од Фиренца за конечни 4-0.

Рома е на петтата позиција со 64 бодови, односно еден поен помалку од четвртопласираниот Јувентус.

Фото: Facebook/AS Roma