Шкрињар се договори со ПСЖ - се чека „зелено светло“ од Интер

Милан Шкрињар е на чекор до трансфер во редовите на ПСЖ, објавува „Лекип“. 

Словакот веќе ги договорил личните услови со францускиот тим, кој и натаму е во преговори со Интер. Италијанскиот вицепрвак бара 80 милиони евра обештетување. Последната понуда на „светците“ може да биде 60 милиони евра плус 20 милиони во бонуси. 

Дека Шкрињар може да си замине наговести и директорот на Интер, Бепе Марота, кој изјави дека полесно се наоѓа замена за дефанзивец отколку за добар напаѓач.