Шишковски одличен меѓу стативите во триумфот на Докса

Македонскиот голман Дамјан Шишковски покажа уште еднаш дека е во одлична форма, и тоа во триумфот на Докса од 2-1 против Олимпијакос Никозија.

Шишковски прими еден гол од домаќинот на мечот во осмата минута, но потоа блесна откако успеа да запре неколку одлични удари на Олимпијакос и така да ја зачува мрежата до крајот на натпреварот.

Душко Трајчевски, од друга страна, не го заврши мечот за Докса, откако доби втор жолт картон во 51. минута од средбата.