
Шансите на Елмас да оди во Интер се – 30 отсто! (ФОТО)
Според дел од медиумите на Чизмата, Интер има три желби: првата е Елмас, втората Теун Копмајнерс, холандскиот репрезентативец од Аталанта и третиот е напаѓачот од Севилја и марокански репрезентативец Ен Несири.
Во моментов според анализата, Елмас би бил најблизу до Интер, со шанси од 30 отсто, зашто шансите за Копмајнерс и Ен Несири да дојдат на „Џузепе Меаца“ се проценети само на 10 отсто. За Холанѓанецот проблем е што Аталанта веќе одби 50 милиони евра за својот фудбалер за врска, а за Ен Несири поголем проблем е структурата на тимот за идната сезона.
Според најавите, Елмас моментно е најдостапен, па оттаму и најголеми шанси, иако прашање е дали Наполи ќе сака да го продаде зашто летово веќе одбија 30 милиони евра од РБ Лајпциг и Ливерпул. Интер ќе се обиде со понуда од 25 милиони евра или со 15 милиони плус играч да го убеди Аурелио де Лаурентис, зашто во јануари Македонецот ќе влезе во последните 18 месеци од актуелниот договор до јуни 2025 година.
Сепак, колкави се шансите, најмногу зависи сепак од Елмас и неговите желби и понуди што ги има на маса, a откако почна сезонава македонскиот „дијамант“ има само еден меч како стартер и од новиот тренер Руди Гарсија добива минутажа на лажичка..