Шалке веќе 20 натпревари не знае за победа во Бундеслигата (ВИДЕО)

Шалке денеска одигра само 1-1 против Унион Берлин во рамки на 4.коло во Бундеслигата и го освои првиот бод сезонава. 

Тимот од Гелзенкирхен нема победа во домашното првенство веќе 20 натпревари по ред. Последниот триумф го оствари на 17 јануари годинава, кога со 2-0 ја совлада Борусија Менхенгладбах. 

Марвин Фридрих ги доведе гостите во водство во 55-тата минута, а за Шалке стрелец беше Гонсало Пасиенсиа во 69-тата минута.