„Шалке сè уште не ја затвори целосно вратата за Чурлинов“

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше многу добра сезона со Шалке, но мораше да се врати во Штутгарт откако му заврши позајмицата, а клубот од Гелзенкирхен не успеа да го откупи неговиот договор.

Спортскиот директор на Шалке, Рувен Шредер за германските медиуми кажа дека сè уште не се откажале од потписот на Чурлинов.

„Чурлинов беше на позајмица, но мора да се врати во Штутгарт, затоа што не успеавме да го откупиме. Чурлинов сакаше да остане во Шалке, но двата тима беа далеку од договор. Засега немаме можност да го купиме, но вратата не е целосно затворена“, кажа Шредер.