
Сезоната уште не почнала, Камавинга пак е повреден
Тој нема да настапи на утрешниот пријателски меч против австрискиот Тирол, како и на првиот натпревар во Ла Лига, против Осасуна на 19 август. Ова е само продолжение на проблемите со повреди кои ги има францускиот репрезентативец последната година. Минатата сезона доживеа вкупно четири повреди поради кои пропушти 35 натпревари за Реал и репрезентацијата, а најголемата пауза ја имаше пред крајот на кампања, од април до јули, вклучувајќи го Светското клупско првенство.
Својот последен натпревар, Камавинга го одигра на 23 април против Гетафе кога влезе на теренот во второто полувреме, на местото на Давид Алаба.