Севилја со еден гол ја реши Селта и скокна до трето место во Ла Лига (ВИДЕО)

Севилја освои нови три бода откако запиша победа на незгодното гостување кај Селта виго со 1-0 во деветтото коло од Ла Лига.

Рафа Мир го постигна единствениот гол за гостинската екипа, кој им помогна да освојат важни бодови и да се искачат на третата позиција на табелата во шампионатот.

Севилја има 17 бодови по осум одиграни натпревари и се наоѓа на третата позиција, додека Селта по девет одиграни меча има само седум бода.