Севилја ја скокна Барселона во Ла Лига и се вклучи во борба за титулата (ВИДЕО)

Екипата од Андалузија вечерва ја запиша шестата победа по ред во шпанската Ла Лига откако беше подобра на гостувањето кај Осасуна со 2-0, па така Севилја ја скокна Барселона на табелата и се вклучи во борба за титулата.

Диего Карлос по само 19 минути игра им донесе водство на гостите од Андалузија со 1-0, а триумфот на Севилја го потврди Лук Де Јонг во 49. минута од мечот.

Севилја има 48 бодови на третата позиција, односно еден повеќе од Барселона. Пред нив се Реал Мадрид со 52 и Атлетико Мадрид со 55 бодови.