Серафимов се збогува со ЗТЕ: Беше прекрасна година, но дојде време за разделба!

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов и официјално се збогува од својот досегашен клуб Залаегерсег (ЗТЕ) и ќе направи трансфер најверојатно во МОЛ Фехевар, па младиот стопер им се заблагодари на клубот и навивачите за соработката.

Серафимов во Унгарија замина од Академија Пандев, а изминатата сезона играше извонредно, неколкупати беше прогласуван во тимот на колото, на крај доби признание за одличната сезона со изборот во тимот на сезоната и сега прави чекор понапред во кариерата во клубот во кој силен белег оставија двајца негови соиграчи од македонската репрезентација – Бобан Николов и Висар Муслиу.

„Сакам само да кажам – ви благодарам за сѐ! Беше една прекрасна едногодишна авантура со извонредни соиграчи, со тренерскиот штаб и со навивачите. Ги имам најубавите спомени и ви посакувам многу среќа во иднина. Но, сега дојде време за збогум“, објави Серафимов.

Тој изминатата сезона имаше 31 меч и даде четири гола.