Сент Етјен нема да го игра Купот со ПСЖ, ако немало гледачи!?

Француски Сент Етјен најави дека ќе го бојкотира финалето во Купот на Франција, ако на трибините нема гледачи, зашто не сакале да играат во тишина. Одлука која тешко човек да ја разбере во ек на пандемија во која Франција едвај дозволи само овој меч да се одигра, откако го прекина комплетно првенството.

Поради вонредната ситуација, фудбал во Франција е забрането до крај на јули, па со тоа првенството уште пред три недели е прекинато и ПСЖ е избран за шампион. Но, сега Сент Етјен се противи да игра финале на Купот, кое единствено беше дозволено заедно со финалето во Лига Купот (ПСЖ-Лион), зашто немало гледчи, а никаде досега на ниту еден меч – публика не може да има. Двата меча се закажани за почеток на август.

„Францускиот куп е нешто најсјајно и тоа се моменти кога се поврзуваат навивачите со играчите. Ние веќе видовме како е да се игра пред празни трибини со Нант и тоа е карастрофа. Не можам да замислам дека би играле финале без навивачи. Сент Етјен без своите навивачи не е Сент Етјен“, велат од еден од најлегендарните клубови во оваа земја.