Секој бод е важен: Селта одигра реми против Бетис (ВИДЕО)

Селта одигра реми (1-1) против Бетис во 34. коло од шпанската Ла Лига, со што освои уште еден важен бод во борбата за опстанок.

Нолито во 22. минута донесе водство за Селта, но Бетис беше многу подобар во текот на мечот, па успеа да освои бод со голот на Федал во 79. минута.

Селта има 35 бодови и се наоѓа на 16. Позиција на табелата, додека Бетис е на 13. место со 38 бодови.