Сега сè е појасно: Во кој град Алегри разгледува куќи?

Веќе некое време медиумите во Италија пишуваат дека тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри летово ќе си замине од клубот. Сепак, по најновите информации од Апенините работите станаа многу појасни.

Имено, Алегри утрово е виден во центарот на Торино со агент на надвижнини како бара стан во строгиот центар на грдаот. Ова е јасен знак дека тој планира и понатаму да биде дел од италијанскиот шампион.

Поранешниот тренер на Милан и Каљари деновиве треба да се сретне со газдата на Јувентус, Андреа Ањели за да разговараат за иднината. Алегри го превзеде Јувентус во 2014 година, а на клубот му донесе 11 трофеи, вклучувајќи пет Скудета во низа.