
Сега е официјално: Ѕвезда на Манчестер јунајтед сака да си замине од „Олд Трафорд“
Французинот пристигна во таборот на „црвените ѓаволи“ во летото 2015 година, но изминатата сезона не се изнаигра под водство на Жозе Мурињо.
„Откако ги разгледавме сите работи, Ентони сака да си замине од Манчестер јунајтед“, вели менаџерот на фудбалерот, „Клубот сака да го задржи и да го продолжи договорот со Ентони, но изминатите неколку месеци не успеавме да најдеме заеднички јазик. Кога еден клуб како Манчестер јунајтед, кој е еден од најголемите во светот, не може да се договори за осум месеци, тогаш можеби навистина и не сака да пронајде исход. Затоа е ваква одлуката на Ентони. Тоа е добро размислена и разгледа одлука. Да не заборавиме дека сепак, тој е под договор со Манчестер јунајтед и клубот ќе го има последниот збор, дали ќе биде продаден или ќе го одработи договорот до крај“, додава човекот, кој се грижи за кариерата на Французинот.
Интерес за Марсијал има од Тотнем, Челси, Јувентус, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Неговата цена ќе биде преку 50 милиони фунти.