Се поблизу е до титулата: Реал од сомнителен пенал дојде до нова победа (ВИДЕО)

Со голот од пенал на Серхио Рамос, екипата на Реал Мадрид направи уште еден крупен чекор кон титулата во Ла Лига, откако во рамки на 34. коло славеше на тешкото гостување во Баскија против Атлетик Билбао со минимални 0-1.

„Кралевите“ долго време се мачеа да дојдат во водство на овој дуел, а тоа го направија во 73. минута, по еден сомнителен пенал кој го досуди Гонзалез, по преглед на ВАР-технологијата. Стрелец на ударот од белата точка беше капитенот Серхио Рамос, кој и минатото коло исто така му донесе победа на својот клуб со гол од пенал (против Хетафе).

Со овој триумф, Реал ја зголеми предноста пред Барселона и моментно има седум бода позитива, но и натпревар повеќе од второпласираниот каталонски гигант.