
Санчо не чекаше бадијала: Европски гигант го сака неговиот потпис!
Последните информации велат дека Баерн Минхен се интересира за Санчо. Наводно германскиот гигант сака да го види Англичанецот во своите редови.
Претходно Манчестер јунајтед и Рома имаа договор за Санчо, но Англичанецот одбиваше да се сложи за овој трансфер чекајќи финансиски подобра понуда.
Таква имаше од Бешкташ, но Санчо реши да чека до септември за да му одговори на турскиот клуб бидејќи преодниот рок во оваа земја завршува подоцна, па ако не стигнеше друга интересна победа дури тогаш ќе се упатеше кон Истанбул.
Сега се вели дека таква понуда може да стигне од Баерн Минхен, но дали ќе биде тоа така ќе се види во наредните денови.
Покрај Санчо, Баерн е заинтересиран и за Фабио Виеира од Арсенал и Марко Асенсио од ПСЖ. Еден од тие тројца ќе биде изборот на германскиот клуб.