
Фановите на Јагелонија го скандираа името на Чурлинов - го сакаат назад во клубот! (ВИДЕО)
Имено, навивачите на Јагелонија во еден момент го скандираа името на нашиот Дарко Чурлинов кој минатата сезона настапуваше за овој клуб како позајмен играч од Барнли.
Тие имаа направено и банер за Чурлинов со кој го повикуваа назад во клубот.
Претходно и претседателот на Јагелонија потврди дека постојано е во контакт со Чурлинов и дека Македонецот сака да се врати во клубот.
Иднината на Чурлинов уште е неизвесна, но реални се шансите тој да се врати во Јагелонија.