Само два дена по освојување на ЛШ: Енрике го избра првото засилување за ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ го одбранија трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Луис Енрике само два дена подоцна го избра првото засилување за францускиот гигант.

Тренерот на парижаните сака дополнително да го засили составот за следната сезона, а наводно изборот паднал на младиот и талентиран Ели Јуниор Крупи од Борнмут.

Фудбалерот за Борнмут одигра 33 натпревари, а притоа постигна 13 голови и со тоа го привлече вниманието на ПСЖ.

Вредноста на младиот француски фудбалер се проценува на околу 40 милиони евра.

Фото: PSG - Paris Saint-Germain/Facebook