Салихамиџиќ ќе му ги земе милионите на Баерн и ќе се вработи кај друг гигант!

Хасан Салихамиџиќ исто како и Оливер Кан доби отказ од Баерн Минхен и покрај тоа што тимот ја освои титулата во Бундеслигата, но што е следно за босанската легенда?

Салихамиџиќ во Баерн Минхен беше од 2017 година, отогаш со Баерн освои 12 трофеи и заработи репутација на успешен фудбалски работник.

Тој имаше договор со Баерн Минхен до летото 2026 година, поради тоа ќе добие милионско обесштетување за отказот. Сумата е меѓу шест и осум милиони.

Салихамиџиќ ќе си ги земе милионите од Баерн Минхен кои му следуваат и ќе веројатно ќе потпише договор со Јувентус.

„Тутоспорт“, весник кој е близок до Јувентус, тврди дека гигантот од Торино сака да го ангажира Салихамиџиќ како нов спортски директор.

Салихамиџиќ за Јувентус играше од 2007 до 2011 година, па италијанскиот клуб му е многу добро позната средина.