Салах слатко се изнасмеа на прашање за „Златната топка“ (ВИДЕО)

Ливерпул славеше во градското дерби против Евертон со 4-1 во рамки на 14. коло од англиската Премиерлига, а Мохамед Салах одигра одличен меч и постигна два гола.

Салах по натпреварот даде изјава за англиските медиуми, а новинарот му постави и прашање за „Златната топка“ на кое репрезентативецот на Египет слатко се изнасмеа.

Новинарот го праша Салах што мисли за „Златната топка“, откако го освои седмото место во генералниот пласман.

„Немам коментар“, кажа Салах по што почна да се смее.