Салах само го налути Манчестер Сити, Ливерпул понижен во дербито (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедливи 4-1 го победи Ливерпул во големото дерби во Премиерлигата, тимот на Клоп поведе, но потоа прими четири голови.

Ливерпул почна како што само можеше да посака, во 17. минута Салах постигна гол за водство од 1-0.

Но, предноста на црвените траеше само десет минути кога Манчестер Сити изведе акција од учебниците, Грилиш асистираше до Алварез кој постигна гол за израмнување на 1-1. Со тој резултат заврши првото полувреме.

Уште не помина ниту една минута од вториот дел, а Манчестер Сити веќе направи пресврт. Кевин Де Брујне погоди за водство од 2-1.

Во 53. минута Гундоган зголеми на 3-1, веќе беше јасно кој ќе биде победникот. На 15 минути до крајот Грилиш ги постави конечните 4-1.