Салах по голот почна да слави титула, ама навивач веднаш го „спушти на земја“ (ФОТО+ВИДЕО)

Последното коло од Премиер лигата донесе спектакуларно возбудување и неверојатни пресврти, поради што прашањето околу титулата се решаваше буквално во последните минути, со оглед што Манчестер Сити, како прв фаворит, во второто полувреме губеше и со 0-2 од Астон Вила, а Ливерпул, на кого му требаше кикс на „граѓаните“, имаше само реми против Волверхемптон (1-1).

Поради ваквиот заплет, кога Мо Салах во 84. минута постигна погодок за „црвените“ за водство со 2-1, почна да слави како неговиот тим да е веќе пред портите на рајот, бидејќи последната информација што ја имаше беше дека противникот не води на „Етихад“.

Неговата еуфорија траеше кратко, бидејќи веднаш беше „спуштен на земја“ од навивач од трибините, кој со рацете му покажа дека Сити повел со 3-2 и дека Ливерпул и покрај голот на Египќанецот тешко ќе дојде до посакуваната титула.