Салах им ја уништи радоста на навивачите на Ливерпул: Ова ми е последен меч против Сити
Веднаш по завршувањето, тој даде изјава со која најави можно заминување од Енфилд на крајот од сезоната.
„Во главата ми е тоа. Засега, ова е мој последен натпревар што ќе го играм за Ливерпул против Сити. Уживав, ќе уживам во секоја секунда овде, се надевам дека ќе ја освоиме Премиер лигата, но ќе видиме што ќе се случува“, рече Салах.
За многумина е нејасно што мислеше тој со оваа своја изјава бидејќи Сити и Ливерпул треба да се сретнат уште еднаш во Премиер лигата оваа сезона, на 22 февруари во Манчестер, а не е исклучено ждрепката да ги спои и во некој од англиските купови, како и во Лигата на шампионите.
Неговиот договор истекува на крајот од сезонава, исто како и на Вирџил ван Дајк и Трент Александер Арнолд.