Салах донирал 156.000 долари за обнова на црква во Гиза

Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Египет, Мохамед Салах реши да донира 156.000 долари за обнова на црква во Гиза.

Во пожар кој ја зафати црквата во неделата загинаа 41 лица, а најмалку 16 се повредени, па сега Салах реши да им помогне на неговите сонародници.

Неговиот хуман потег беше поздравен од светската јавност и тој уште еднаш докажа зошто е омилен на многу навивачи.