Сакаше тетоважа од Рамос на нога, но на крај доби слична на - Меси! (ФОТО)

Еден навивач на Реал Мадрид реши на нога да го истетовира Серхио Рамос, но неговата идеја не се реализирала до крај како што замислил.

Рамос е еден од најдобрите дефанзивци во светот, а исто така и идол на многумина. Еден од нив сакал да го истетовира, но на крајот на се прославил, зашто на социјалните мрежи се појави фотографија од неговата нога на која ликот личи на Лионел Меси, барем така смета еден фудбалер.

„Па, ова не е Рамос, ова е Меси!“, е еден од коментарите, а некои сметаат дека личи на Оливие Жиру.