
Руни по пауза од пет месеци повторно ќе работи во Чемпионшип
Руни си закажал интервју со Плимут и во моментов е главен кандидат за кормилото во екипата од Чемпионшип.
„Телеграф“ пишува дека Руни од следната сезона ќе го тренира клубот кој едвај обезбеди опстанок во лигата.
„Знаете дека добивањето отказ е дел од работата и тоа не е убаво, но сè е до начинот на кој ќе се вратите на теренот. Се надевам дека следниот пат ќе бидам подобар“, кажа Руни неодамна.